HomeГИГА БАЈТХај текПристигнува првиот електричен автомобил на „Јагуар“

Пристигнува првиот електричен автомобил на „Јагуар“

4521541_jaguar-f1jpg

Автопроизведувачот „Јагуар“ го претстави својот прв електричен автомобил кој ќе може да развива брзина поголема од 320 километри на час. Моделот „I-Pace“, кој во понеделникот беше претставен во Лос Анџелес, би требало да започне да се продава почнувајќи од 2018 година, пренесува „Блумберг“.

Првиот електричен модел на „Јагуар“ ќе може со наполнети батерии да помине околу 350 километри. „Јагуар“ се надева дека со овој модел ќе може да заземе дел од светскиот пазар за електрични автомобили каде минатата година беа продадени половина милион возила. „I-Pace“ со 394 коњски сили, ќе може да развива брзина од 100 километри на час за помалку од четири секунди.

jaguar-f2

„Јагуар“ пренесува дека автомобилот ќе биде опремен и со полнач, кој ќе може во домашни услови да наполни 80 отсто од батеријата за 90 минути, а потполно за околу 2 часа. „I-Pace“ е концепт автомобил, а „Јагуар“ пренесува дека купците за две години ќе можат да ги очекуваат сите карактеристики од претставениот модел.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com