Thursday, Apr 18, 2024
HomeГИГА БАЈТСмартфонПристигнува нова опција на „Инстаграм“

Пристигнува нова опција на „Инстаграм“

Популарната платформа за фотографии наскоро ќе биде побогата за уште една функција „Press to zoom“. До сега оваа социјална мрежа немаше опција за зголемување на фотографиите, така да се работи за добра вест за љубителите на оваа апликација. Новата опција се користи на тој начин што се корисникот ќе го стави прстот на фотографијата, односно на тој дел што сака да го зумира.

Telefon-f1

Исто така возможно ќе биде и зголемување, односно зумирање и на видео-снимки. Оваа опција, која за Андроид пристигнува за неколку недели, ќе им биде достапна на корисниците на „iPhone“ и „iOS“, а се што е неопходно да направите е да ја ажурирате постоечката верзија на вашиот „Инстаграм“.