Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаПристигнаа вакцините за превенција од болеста јазлеста кожа

Пристигнаа вакцините за превенција од болеста јазлеста кожа

Агенцијата за храна и ветеринарство информира дека денеска 250.000 дози од вакцината за спречување на болеста јазлеста кожа кај говедата пристигнаа во Македонија.

Дистрибуирањето на вакцината до надлежните ветеринарни друштва, ветеринарните амбуланти и матичните ветеринари е во тек.

Според веќе изготвениот акциски план за превентивна вакцинација Агенцијата за храна и ветеринарство ќе започне со превентивното вакцинирање на сите говеда на територијата на цела Македонија за спречување на ширење на болеста јазлеста кожа.