HomeРЕФЛЕКТОРФилмПристигна трејлер за нов филм со Бред Пит

Пристигна трејлер за нов филм со Бред Пит

Филмското студио „Paramount pictures“ го објави трејлерот за филмот „Allied“ во кој главните улоги ги толкуваат Марион Котијар и Бред Пит. Остварувањето „Allied“ го режираше Роберт Земекис, а премиерата е закажана за 23 ноември. Дејството во филмот се одвива во периодот на Втората светска војна, 1942 година, во северна Африка, каде во опасна мисија се среќаваат членот на француското движење за отпор, односно Марион Котијар и агентот на известувачката служба кој го глуми Бред Пит.

Кога повторно ќе се сретнат во Лондон, во воени околности, нивната врска е на вистински тест. Трејлерот беше објавен истиот ден кога беше соопштено дека актерот се разведува од својата сопруга Анџелина Џоли.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com