Tuesday, Apr 25, 2017
HomeФЕР ПЛЕЈКошаркаПристигна четвртиот пораз во низа, кошаркарите декласирани и од Израел

Пристигна четвртиот пораз во низа, кошаркарите декласирани и од Израел

Црната серија на порази на македонската кошаркарска репрезентација до 18 години тажно продолжува, откако јуниорите во вчерашниот натпревар против репрезентацијата на Израел го забележаа четвртот пораз.

Декласирањето од страна на противникот со резултат 94:63 ја остави нашата репрезентација на дното на табелата од групата Д. Во отсуство на најдобриот стрелец Ненад Димитријевиќ најефикасни кошаркари во македонскиот состав беа Робев и Србиновски со 19 односно 15 кошеви.

Избраниците на Саша Димитријевиќ во продолжението од мундијалот како последно пласирана селекција во групата ќе разигруваат за пласман од 17-то до 24-то место.