Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаПристаништето Пиреја на продажба

Пристаништето Пиреја на продажба

Грција мора да продава државен имот за да ги отплати долговите. Пристаништетп Пиреја е едно од најзначајните грчки пристаништа. Ги има најголемите пристанишни кранови во светот, тоа е најголемото туристичко пристаниште во Европа, контејнерски терминал и бродоградилиште.

Само минатата година беа транспортирани повеќе од 18 милиони патници. Оваа година и повеќе, бидејќи туристичката сезона е уште подобра. Но, тоа не беше доволно за да остане во „канџите“ на државата. Сепак, пристаништето на кое Грците со векови се горди, понудено е за продажба.

„Тоа е нашата гордост, ние не сакаме да го продадеме“, вели жителот на Атина, Никос, а неговиот сограѓанин Димитри додава:
„Приватизацијата во Грција е секогаш темна приказна“.

Како еден од главните аргументи во битката со оние што се противат на влезот на странски капитал, Владата ги истакнува Кинезите. Тие веќе имаат во закуп еден од доковите, и сега се натпреваруваат за купување на пристаништето.

„Откако Кинезите пристигнаа во 2010-та година, сообраќајот на ова пристаниште двојно се зголеми. Покрај тоа, тие се обврзаа во следните 35 години да инвестираат 5 милијарди долари“, од Атина јавува новинарката на „Ал Џезеира“, Мирјана Хрга.

Аеродроми, гасовод…

Листата на државен имот кој треба да биде приватизиран или да се додели на странците да го користат, освен пристаништето Пиреја, се најде и солунското пристаниште кое го сакаат Германците и Русите. Тука се и регионални аеродроми, гасоводот кој го сака Азербејџан, патиштата, електродистрибуцијата, јавниот превоз.

Во Фондот за управување со државен имот, органот кој е контролиран од страна на европските институции, но со седиште во Атина, велат дека немаат избор. Медиумите шпекулираат дека на „маса“ има 50 милијарди долари, но директорот на Фондот за развој Стергиос Питсиорлас не сака да зборува за пари.

„Не би сакал да зборува за износите. Сакаме со резултатот од приватизацијата првенствено да се подобри економската клима, што значи повеќе инвеститори и промена на сегашниот економски модел. Да, знаеме дека парите за оваа земја се важни, но ајде да не зборуваме за тоа“, истакнува тој.

Моменталниот долг на Грција е 320 милијарди евра или 180 отсто од БДП. Од 240 милијарди евра од претходните два грантови, само 27 милијарди остана во Грција. Новите 86 милијарди евра ќе бидат потрошени на сличен начин – долгови и камати, а профитот од продажбата на државниот имот, нема да биде ниту на ниво на третата транша.