Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионПриштина во галама – масовен антивладин протест

Приштина во галама – масовен антивладин протест

Протестот започнал од кај Националната библотека и продолжи како марш до плоштадот „Скендер бег“. На протестот присуствувале над 100 илјади граѓани од сите делови на земјата, организиран е за „ посуверена држава и против антиуставната Влада“. На протестот се обратија функционери и партнери од опозициските политички субјекти Движењето
„Самоопределување“,Иницијативата за Косово и Алијансата за иднинана на Косово.

Говорниците на протестот порачале дека косовскиот народ е кренат на нозе, масовно, за да го искаже соето незадоволство против штетните договори за Косово и за да ја отстрани сегашната Влада која со петни жили сака да ги турне договорите напред. Влада која најмалку 23 пати го има прекршено Уставот,влада која нема легитимитет да ја води државата. Според нив, бидејќи во моментот договорите за формирање Асоциација на српски општини и оној за демаркација на границата со Црна Гора, се одложени, на Владата не и преостанува ништо друго туку и таа да си замине и тоа веднаш. Големите нереди кои беа предизивикани на претходните протести навестува дека овој протест бил обебзедуван од големи полициски сили. Саматаопозиција и постави ултиматум на Владата или да си оди или ќе добие многу поголеми и почести протести, почнувајќи од 27 февруари годинава.

Инаку, учесниците на протестот носеле албански знамиња, а исто имало и знамиња од САД, Шведска, Германија, но нигде го немало знамето на Косово.