Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионПриштина како воена зона – што ќе се случува на денешните собири?

Приштина како воена зона – што ќе се случува на денешните собири?

Вчера состојбата во Приштина беше навистина тензична. Повредени полицајци и приведени демонстранти. По неуспешното апсење на поранешниот лидер на Самоопределување, Албин Курти и приведувањето на пратеничката од Алијансата за безбедност на Косово, Доника Кадај-Бујупи, состојбата дополнително се вжешти. Нашиот извор од Приштина вели дека судот и одредил мерка притвор од 30 дена, но поради нејзината бременост очекуваат притворот да и биде намален.
pristina2novoИсто така ни ја раскажа сликата од улиците. Вели дека демонстрантите се насилни и се однесуваат како хулигани. Дополнително биле револтирани по апсењето на пратеничката по што почнале да прават нереди пред судот и парламентот. Демонстрантите застанале невин граѓанин кој споро се движел со својот автомобил, го извадиле од него, по што го запалиле автомобилот. Исто така, тргнале по џиповите на специјалните сили. Се обиделе да запалат еден блиндиран џип со молотов коктел, но не успеале, а четири џипа искршиле.
pristinanovoКосовските специјални единици се подготвени и за денешните протести. Демонстрантите од опозицијата најавија дека и денеска ќе се соберат да го искажат своето незадоволство.

Не е дозволено преземање на содржината на Позитив.мк без дозвола од редакцијата, освен со линк до конкретната страница