Friday, Apr 19, 2024
HomeАНТИСТРЕСЕкимПриродни лекови против тегоби од убод од комарци

Природни лекови против тегоби од убод од комарци

 

Вашата домашна кујна може да послужи како аптека доколку после убод од комарец имате долготрајно чешање или оток. Еве неколку намирници кои можат многу да ви помогнат:

Лимон: Има природни антивоспалителни и анестетички својства и е многу ефикасен за намалување на отокот од убод од комарец. Поделете го лимонот на две половини и исцедете дел на местото на убодот. Можете да помешате и лимонов сок со босилок. Оваа мешавина ги намалува сите тегоби од убоди од комарец

Сода бикарбона- Моментално ги спречува и чешањето и појавата на оток. Една лажичка сода бикарбона растворете во чаша вода. Во растворот потопете пешкир и држете го на местото каде имате убод од комарец 10 до 20 минути.

Алое вера – Ова е еден од најдобрите антисептици. Од билката извадете го гелот, држете го во фрижидер 10 до 15 минути, а потоа директно нанесете го на местото на убодот

Сол

Со оглед на тоа дека има антисептички  и антивоспалителни својства, солта е одличен лек против отоци и чешање од комарци. Освен сол ставете и неколку капки вода, после 10тина минути измијте го местото.

Мраз

Ниските температури го успоруваат преносот на супстанции кои предизвикуваат воспаленија, со оглед на тоа дека ако држите мраз местото на кое имате убод од комарец ќе отрпне, нема да чувствувате чешање и болка