HomeДЕНЕШНАСветПринцот Хари загрижен поради безбедноста на својата девојка

Принцот Хари загрижен поради безбедноста на својата девојка

princ-hari-sa-devojkom-f1

Британскиот принц Хари ги обвини медиумите за расно злоставување и вознемирување на неговата девојка, американската актерка Меган Маркл, стои во соопштението кое го објави Кенсингтонската палата. Во соопштението, во кое се потврдува врската меѓу принцот Хари и американската актерка, изразена е и загриженост поради нејзината безбедност.

„Принцот Хари е загрижен поради безбедноста на Маркл и е длабоко разочаран, бидејќи не можел да ја заштити“, стои во соопштението. Врската меѓу принцот Хари и актерката беше главна тема на странските медиуми во изминатите неколку недели. Минатата недела, како што се пренесува, била премината границата околу пишувањето на медиумите за нивната врска.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com