HomeДЕНЕШНАПолитикаПримислав Димовски се враќа на чело на „Алфите“, Спасовски смени 11 раководители

Примислав Димовски се враќа на чело на „Алфите“, Спасовски смени 11 раководители

Техничкиот министер Оливер Спасовски изврши 11 смени на раководители во МВР со цел организирање на фер избори за кои смета дека се дел од законските надлежности. Меѓу нив од челното место на Алфите е сменет Ивица Анчевски кој ќе го наследи Примислав Димовски, слично како и во првиот мандат на Спасовски. Во останатите рокади се вклучени Небојша Стајковиќ кој е разрешен од позицијата помошник на министерот на Оддел за информатика и телекомуникациии и е заменет со Горан Трајановски. Тој останува дополнителен заменик на Трајановски.

Кирил Митиќ е именуван за началник на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во ЦПС во БЈБ. Зоран Глигоров е разрешен од оваа позиција и останува дополнителен заменик.

Александар Јанев се разрешува од началник на Сектор за прикриени операции во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во ЦПС во БЈБ и се именува за дополнителен заменик на началникот на Сектор за прикриени операции во Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал во ЦПС во БЈБ. Драган Симоновски е именуван на негово место.

Спасовски замени и седум началници: Лазо Велковски е нов началник на СВР Скопје, Злате Јаневски во СВР Велес, Љупчо Трајковски во СВР Штип, Славко Јовановски во СВР Битола, Сашо Смилески во СВР Охрид, Танчо Пројковски во СВР Струмица и Стојанче Величковиќ е нов началник во СВР Куманово.

Извор: novatv.mk

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com