Friday, Mar 29, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалПримера ги осуди антигеј навредите упатени кон Кристијано Роналдо

Примера ги осуди антигеј навредите упатени кон Кристијано Роналдо

Getty images

Управата на шпанската фудбалска лига ги осуди антигеј навредите упатени кон фудбалерот на Реал Мдрид Кристијано Роналдо за време на натпреварот против Барселона. Управата во денешното соопштение објави дека својот извештај ќе го испрати на владината комисија за борба против насилство, расизам, ксенофобија и нетолеранција во спортот.

Во извештајот посебно се нагласува антигеј навредата упатена кон Роналдо, како и скандирањето против Реал Мадрид за време на едноминутниот молк во знак на почит кон холандскиот великан Јохан Кројф. Овие навреди ги осудија и геј активистите во Шпанија. Реал во саботата ја доби Барселона со 2:1 после пресврт, а победничкиот гол го постигна Реал Мадрид.