Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаПрилепчанец загина во тешка сообраќајна несреќа – автомобилот се забил во метална конструкција за тутун

Прилепчанец загина во тешка сообраќајна несреќа – автомобилот се забил во метална конструкција за тутун

Прилепчанец загина во сообраќајна несреќа што се случила утрово околу три часот на улица „Александар Илиески Кусиот“ во Прилеп. Автомобилот марка „фолксваген поло“ од засега непознати причини удрил во метална конструкција за тутун. Совозачот во автомобилот, триесет и деветгодишниот Рубинчо Димоски, од ударот добил расекотини на вратот и искрварил. Починал на пат до градската болница во Прилеп. Возачот не бил повреден. Јавниот обвинител нареди обдукција за да се утврдат причините за смртта на загинатиот.