Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаПрилепчанец цела година го чувал дома телото на починатата сестра

Прилепчанец цела година го чувал дома телото на починатата сестра

Полицијата пронајде полураспаднат труп на 49-годишна жена во куќа во Прилеп. Според првичните информации жената била мртва околу една година. Живеела со братот, но се смета дека тој бил со нарушено психичко здравје.

Полицијата го пронашла телото откако соседите повикале полиција поради непријатна миризба. Телото на починатата е предадено на обдукција. Обвинителството соопшти дека ги презема сите неопходни дејства за расветлување на причините за смртта и зошто настанот не е навремено пријавен.