Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаПрилеп ќе биде домаќин на првиот поштенски маратон

Прилеп ќе биде домаќин на првиот поштенски маратон

Прилеп ќе биде домаќин на првиот поштенски маратон, манифестација која има за цел промоција на поштенската дејност преку поддршка на трчањето на долги патеки и активниот начин на живот. Идејата на Македонска пошта АД е овој маратон е тој да биде традиционален и неговото одржување да биде во различни градови низ светот.

Маратонот е закажан за 1-ви ноември. Поштарите, како симбол на постојано движење низ улиците низ целиот свет, заземаат централно место во идејата на самиот маратон, прикажани преку учесниците на овој настан. Самата програма е оформена да ги вклучува сите возрасти и во неа да можат да се вклучат сите рекреативци: Маратонска трка, Полумаратонска трка, Забавна трка oд 5 км, Детска трка од 1 км.

За сите натпреварувачи од Скопје обезбеден е бесплатен превоз. Регистрацијата е на веб страната: www.postalmarathon.com, а сите останати информации се достапни и на Facebook страницата.