Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеПријава за експлозивна направа под автомобил во Капиштец

Пријава за експлозивна направа под автомобил во Капиштец

Непознато лице пријавило дека е поставена експлозивна направа на автомобил „сеат ибица“, кој се наоѓал на улицата „Васил Ѓоргов“ во скопската населба Капиштец.

Засега непознатиот сторител пријавата ја извршил во 8:50 часот наутро. СВР – Скопје известува дека полициските екипи и припадниците на антитерористичката единица од утрово се на терен и се извршува увид на настанот.