Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПријава по пријава на Ременски и се закануваат и со затвор

Пријава по пријава на Ременски и се закануваат и со затвор

Техничкиот министер за труд и социјална политика Фросина Ременски заработи нова кривична пријава поднесена од нејзиниот заменик Диме Спасов кој ја обвини за неизвршување на судска одлука, по што и се заканува и затворска казна доколку не ги почитува решенијата на Управниот суд каде се водат повеќе постапки меѓу двајцата функционери.
remenski_09122015Наводно Ременски веќе десетина дена не ги почитува решенијата на Управниот суд за времените мерки со кои што судот ги стави вон сила кадровските промени која ги превзеде во министерството, а исто така нејзините жалби на овие решенија до Вишиот управен суд се отфрлени и со тоа времените мерки станале правосилни.
Ременски останува на ставот дека постапката е се уште во првостепена фаза и се чека на повисока инстанца додека не се исцрпат сите правни опции, а чека и решавање на сите кривични пријави кои пак, таа ги поднесе токму против Диме Спасов и функционери во министерството за незаконско работење.