Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаПожар во магацин предизвика материјална штета, нема повредени

Пожар во магацин предизвика материјална штета, нема повредени

Настрада магацин во тетовското село Вејце откако вчера, најверојатно поради човечко невнимание, во околу 15 часот избувнал пожар во помошниот објект на лицето З. Д. (32).

Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски, изјави дека во пожарот нема повредени лица или добиток, освен причинета штета на самиот објект. Опожарен бил дел од покривот на објектот, како и 50 дрвени греди долги по 10 метри, близу стотина метри најлон, 500 килограми пченица, исто толкава количина јачмен и 600 килограми компир. Според сопственикот, вкупната материјална штета се проценува на 150.000 денари.