Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаПри тешка кражба во Гостивар „здиплени“ 700 илјади денари

При тешка кражба во Гостивар „здиплени“ 700 илјади денари

Непознато лице во саботата провалило во стан во Гостивар, причинувајќи огромна материјална штета.

Кражбата се случила во периодот од 14:45 до 23 часот на 66-годишниот С.К. Лицето успеало да го скрши прозорот и да земе 170 евра, 5.000 денари, 30 швајцарски франци, една метална кутија со златен накит, еден златен женски часовник и еден машки часовник. Севкупната материјална штета на сопственикот чини 700 илјади денари, или околу 11.400 евра.

Полициската станица во Гостивар извршила увид и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.