Monday, Mar 27, 2017
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаПревртено возило со 8 мигранти, а уште 10 други фатени во друго возило

Превртено возило со 8 мигранти, а уште 10 други фатени во друго возило

policija-2

Околу 5 часот наутро, вчера полициска патрола во реонот на село Богородица забележала три патнички возила, марка “ауди” со скопски регистарски таблици и истите полициската служба се обидела да ги запре.
Во првото возило немало мигранти, тоа имало улога на “чистач”, додека во другите две коли се превезувале мигранти.

302505-za-24-chasa-azil-pobarale-985-stranski-drzhavjani-13610

Полицијата пробала да ги запре возилата, но тие не застанале и со голема брзина се упатиле кај Валандово. Едно од возилата кај раскрсницата Брајковци-Пирава-Валандово од преголемата брзина излетало од коловозот и се превртело. Возачот веднаш избегал, а со полесни повреди биле осум мигранти, двајца од Мароко и шестмина од Пакистан.


0000275088-article2
Другото возило, во автомобилот имало 10 мигранти(3 од Алжир, 1 од Мароко, 4 од Либија, и 2 од Пакистан) кои исто биле фатени на регионалниот пат Струмица-Штип, во близина на селото Градошорци. Бил фатн и возачот З.Р.(28) од Скопје.

Третото возило уште не е пронајдено. Полицијата е во потрага по истото и презема мерки за целосно расчистување на настанот.