Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаПревезувал 16 мигранти и ја оставил колата при бегање

Превезувал 16 мигранти и ја оставил колата при бегање

Македонската полиција пронајде 16 мигранти кои нелегално биле пренесувани. Најпрво му сигнализирале на возач со „рено сценик“ да застане на патот Удово-Неготино, но тој ја зголемил брзината и побегнал. Кога се приближил кај клучката Демир Капија побегнал и го оставил возилото во кое биле најдени мигрантите. Тие се сместени во Прифатен центар за странци, а полицијата го бара возачот кој побегнал.