Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПретставници на ОН во Албанија ја разгледуваат положбата на македонското малцинство

Претставници на ОН во Албанија ја разгледуваат положбата на македонското малцинство

Лидерот на единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) Едмонд Темелко, синоќа оствари средба со висока делегација на Обеднетите нации.

– Делегацијата ја предводеше Алнед Шахед посебен известувач на ОН за слободна веросповест, Фараз Санеи и Макен Тзегаи експерти за човечки права во Светската органзација, изјави Васил Стерјовски, генерален секретар на МАЕИ.

Темелко, кој е и актуелен градоначалник на општина Пустец, гостите подетално ги запознал со положбата на Македонците во Албанија и правото на слободо изразување на нивната верска припадост.

Деновиве во посета на општина Пустец, во Мала Преспа беше Клаус Неукирч, шеф на мисијата на Советот на Европа во Тирана.

На средбата со градонаалнкот Темелко, присуствувале и претседателката на Советот на општина Пустец Ирена Василовски, други советници, како и Васил Стерјовски, генерален секретар на МАЕИ и единствен кандидат за пратеник од македонската партија.

Тема на средбата била положбата на Македонците во Албанија, Предлог-законот за малцинствата, кој треба да биде изгласан во септември од новиот состав на албанскиот парламент и престојните парламентарни избори.