Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПретставка пред Уставен за измените на законите за високо и средно образование

Претставка пред Уставен за измените на законите за високо и средно образование

„Средношколски пленум“ и „Наставнички пленум“ реагираа на измените донесени во законите за средно и за основно образование, кои ги нарекоа неуставни, за што ќе поднесат претставки од Уставниот суд, јавува МЕТА.

– Образованието е процес, а не проект. Со донесување законски решенија по скратена постапка или во три часот по полноќ, далеку од очите на јавноста, без никаква јавна расправа со засегнатите, не можеме да стигнеме до подобро образование. Со казни, намалување на плати и со бркања од работа на наставниците, не доаѓаме до подобро образование. Од септември повторно продолжуваме онаму каде што застанавме во мај – вели Александар Милески од „Средношколски пленум“.
plenum
„Наставнички пленум“, во соработка со другите пленуми, организираше дебата на тема „До каде стигна македонското образование“. Дебата се одвиваше во Паркот на новинари каде кампуваа средношколците. На дебатата се говореше за екстерното образование и за измените во законите за основно и за средно образование.
– Заклучоците од дебатата ќе ги доставиме до МОН. Одредбите за казните и за наградите за наставниците се спорни, за што „Наставнички пленум“ подготвува иницијатва која ќе ја поднесеме до Уставен суд. Иницијатавата е напишана, од денеска почнуваме со собирање потписи од наставниците – вели наставникот Владо Димовски, кој додаде дека во услови во какви што е сега образованието, тешко дека ќе почне учебната година.

Тој не ја исклучи можноста пленумите од септември да ја бојкотираат наставата сè до донесување измени во законите за основно и за средно образование. Во поднесувањето претставки до Уставен суд, на пленумите им помага независната пратеничка Солза Грчева, која рече дека Министерството треба да ги сослуша аргументите и да ги одложи одредбите на законите за да се создаде еден нормален концепт за евалуација на знаењето на учениците.

извор:Мета.мк