Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПретседателот по огромен притисок целосно ја повлече аболицијата

Претседателот по огромен притисок целосно ја повлече аболицијата

Претседателот Иванов не го издржа притисокот од домашната и меѓународната јавност и конечно целосно ја повлече аболицијата за сите 56 осомничени лица, меѓу кои голем број на политичари, но и сведоци.

Иванов овој потег можеше да го донесе многу порано со што ќе придонесеше во смирување на политичката криза и користење на аболицијата како главен изговор за продолжениот конфликт, наместо да носи делумни и непопуларни решенија.

Главна причина за новата одлука е што во изминатите денови ниту едно од преостанатите помилувани лица не поднеле официјално барање за повлекување на аболицијата според законските можности, па затоа Иванов морал да интервенира.