HomeДЕНЕШНАРегионПретседателот Павлопулос со нова провокација – Македонија е грчка

Претседателот Павлопулос со нова провокација – Македонија е грчка

Претседателот Прокопис Павлопулос без ниту грам на дипломатичност и израз на градење на доверба искажа нова провокација со ултра националистичкото тврдење дека Македонија е грчка и ја обвини нашата земја за ирединтизам иако никој не верува во ваквите тврдења.

– Македонија била, е и ќе остане грчка. Ние јасно кажавме дека сакаме добрососедски односи и пријателство. Но, тоа оди преку почитување на историјата и на европските институции, рече Павлопулос и им порача на македонските власти дека со иредентистички тврдења нема да се приклучат кон ЕУ, бидејќи ги кршат европските принципи.

Изјавата за „Грчка Македонија“ Павлопулос ја даде на собир во Воден каде се чествувало ослободувањето на градот од Турците, па со оглед дека токму овој град од Егејска Македонија претрпел огромни жртви изјавата е крајно навредлива.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com