Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПретседателот нема право на личен став за мандатот и треба да го даде, рече Села по средбата со Хан

Претседателот нема право на личен став за мандатот и треба да го даде, рече Села по средбата со Хан

Не сме излезени од кризата. За жал таа зема повеќе замав. Единствена можност да се излезе од кризата е институционалниот пат. На ова општество му треба дебата. Сите тие кои што се против оваа форма не се ништо друго освен анархисти кои го ризикуваат спокојството на граѓаните, изјави Зијадин Села по денешната средба со еврокомесарот Јоханес Хан.

– Насоката на Хан е што побрзо да се формира влада и да продолжиме по патот на евроинтеграциите. Претседателот може да има стотици лични ставови, но како претседател тој нема право на личен став за мандатот и треба да го даде на тој што ќе обезбеди мнозинство од минимум 61 пратеник.

Треба да заврши конститутивната седница и уште еднаш да се информира Иванов дека има формирано мнозинство преку новиот спикер, па да се чека 10 дена да го даде мандатот. После тоа може слободно ако не го даде мандатот, да се гласа за Влада во Собранието. Кој има против може да се обрати до Уставниот суд.

Не гледам зошто Хан би разговарал за санкции со нас. Треба да разговара со креаторите на оваа криза. Тој што го креира хаосот го контролира хаосот – рече Села.