Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаПретседателот на здружението на пензионери фалсификувал документи

Претседателот на здружението на пензионери фалсификувал документи

Охридската полиција до Основното јавно обвинителство поднела извештај кој укажува дека претседателот на Здружението на инвалидски пензионери од Охрид фалсификувал потписи за да донесе неколку одлуки во име на Здружението.

Според полициското соопштение, М.П. (75) од Охрид, во својство на претседател на Здружението на Инвалидски пензионери – Охрид, на годишното собрание одржано во март 2011 година, спротивно на Статутот на здружението влијаел да се донесат неколку одлуки, меѓу кои и избор на претседател.

Тој поднел лажни податоци за двајца членови и потписници на собранието кои, не биле членови на здружението туку членови на Здружението на старосни пензионери. Притоа тој изготвил и со свој потпис и печат заверил документ за одржано годишно собрание и членови на собрание со невистинити податоци.

Од увидот во документација од Централен регистар на Република Македонија за членови на здружението, извршен од СВР Охрид во текот на април 2015 година, констатирано е дека член на здружението е лице кое починало во декември 2009 година, што недвојбено покажува дека пријавениот повторно внел и доставил лажни и неверодостојни податоци за членови на здружението.

Со тоа тој сторил казнени дела „злоупотреба на службената положба и овластување“, и „фалсификување или уништување деловни книги“, заради што е и поднесен кривичниот поднесок против него.