Sunday, Jul 23, 2017
HomeДЕНЕШНАРепубликаПретседателот на Студентскиот парламент на УГД се здоби со кривична пријава

Претседателот на Студентскиот парламент на УГД се здоби со кривична пријава

Денес СВР Штип поднесе кривична пријава против претседателот на Студенскиот парламент на Универзитетот „Гоце Делчев“, Г.С. (27) под сомнение за сторено продолжено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Осомниченото лице, искористувајки ја својата службена положба и овластување на повеќе правни лица од кои вршел разни набавки и на повеќе физички лица, незаконски од сметката на Студенскиот парламент и од собраните парични средства од студентите кои ги уплаќале при заверка на семестар, им исплатувал средства во вкупен износ од 5.628.117 денари.