HomeДЕНЕШНАСветПретседателот на Мексико нестрплив да се сретне со Трамп загрижен за својата земја

Претседателот на Мексико нестрплив да се сретне со Трамп загрижен за својата земја

nieto-tramp

Претседателот на Мексико Енрике Пења Нието посочи дека наскоро ќе се сретне со Доналд Трамп пред тој и официјално да ја преземе претседателската функција во САД со цел да разговараат за иднината на односите меѓу двете земји особено по јавно упатените закани дека ќе биде изграден ѕид на границата, а Мексико ќе биде пронуден да го плати што може да изнесува десетици милијарди долари.

– Со новоизбраниот претседател се договоривме да се сретнеме, за време на преодниот период (пред Трамп да положи заклетва во јануари), за јасно да ја дефинираме насоката, по којашто ќе се развиваат односите помеѓу двете држави, рече на прес-конференција Нието.

Тој притоа истакна дека бил „срдечен, пријателски и исполнет со почит” телефонскиот разговор со човекот кој за време на американската предизборна кампања беше прилично остар кон Мексканците, или барем кон оние кои нелегално имигрираат во САД.

– Депортирањето на незаконски мексикански имигранти од САД може да зачести по стапувањето на должност на Трамп, но тој процес нема да отпочне наскоро, посочи мексиканскиот заменик министер за внатрешни работи и за миграција Умберто Роке Вилануева, за западните медиуми, јави БТА.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com