Friday, Apr 19, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалПретседателот на Лион “ја отвора вратата” за Лаказет и Толисо

Претседателот на Лион “ја отвора вратата” за Лаказет и Толисо

Претседателот на Лион, Жан-Мишел Аулас изјави дека фудбалерот Корентин Толисо може да замине од клубот доколку сака.

Играчот од средниот ред на Лион, Корентин Толисо оваа сезона еден од најдобрите играчи на тимот, покажа дека тој е фантастичен фудбалер, па дури и доби покана за националниот тим.

Денес тој беше тема на разговор, Жан-Мишел Аулас повика прес-конференција, а до него беше и Лаказет.

“Толисо зборуваше за играњето во Лигата на шампионите. Сите ние сакаме. Но играчите беа тие кои загубија во квалификациите. Ако има играчи кои се под впечаток дека овој клуб не е доволно голем за нив, ние ќе ги отвориме вратите и ќе доведеме други. Лион е најдобриот француски клуб во последните десет години. Игравме одлични натпревари, како оној против Јувентус. Тимови како Манчестер Јунајтед, Интер и Милан имаат полоша ситуација отколку ние“ изјави претседателот на Лион.