HomeДЕНЕШНАСветПретседателот на Франција откри спомен-плоча за настраданите во терористичките напади во Париз

Претседателот на Франција откри спомен-плоча за настраданите во терористичките напади во Париз

oland-bataklan

Францускиот претседател Франсоа Оланд отвори споменик за жртвите на нападите во Париз од 13 ноември 2015 година, пренесе Франс прес.

На првата комеморативна церемонија Оланд отвори Меморијална плоча на Стад де Франс во северниот дел на Париз. Таму пред една година тројца терористи се саморазнесоа и убија еден човек. Тоа беше првата од серијата координирани напади во Париз, во кои загинаа вкупно 130 лица. Плочата е поставена на влезот Д на стадионот. Таа е во меморија на жртвата Мануел Дијаз.

Присутните на церемонијата имаа едноминутен молк, поставија венец и цвеќе пред плочата. После синот на жртвата – Мишел Дијаз даде изјава во која повика на толеранција и разум. Тој потсети дека неговиот татко, кој е роден во Португалија, е доказ дека интеграцијата во друго општество е можна дека таа е неопходна за да се избегне стигматизацијата која турка некои млади кон насилството, дополнуваат американските медиуми.Претс

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com