HomeДЕНЕШНАСветПретседателот на Европскиот парламент ќе и се спротистави на Меркел

Претседателот на Европскиот парламент ќе и се спротистави на Меркел

sulc-merkel

Мартин Шулц може да биде еден од најсериозниот противкандидат на германската канцеларка Ангела Меркел доколку реши да се трка за челната позиција на изборите следната година. Актуелниот претседател на Европскиот парламент, изјави дека нема да бара трет мандат во Брисел, туку дека планира идната година да се кандидира за германскиот Бундестаг.

Меѓутоа, она што веќе долго време се шпекулира во јавноста е дека Шулц не го интересира парламентарна, туку канцеларска фотелја, така што вистинската причина за неговото повлекување од Брисел е тоа што во 2017 година сака да се соочи со Ангела Меркел во трката за канцелар.

Германската главна партија на левиот центар, Социјалдемократската партија (СДП) се наоѓа под притисок да реши кој ќе биде противкандидат на германската канцеларка на изборите во 2017 година. Откако Меркел ја објави својата кандидатура за четврт мандат.

Еден од потенцијалните, а веројатно и најсериозен кандидат е Мартин Шулц, кој на изборите би имал повеќе шанси од партискиот колега Зигмар Габриел, министер за економија и вицеканцелар на Германија, кој нема голема популарност кај народот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com