HomeФЕР ПЛЕЈБоречки вештиниПретседателот на боксерската федерација на Мечот на шампионите: Никој не знае дека имаме олимпијци со златни медали, медиумите ги маргинализираат боречките спортови

Претседателот на боксерската федерација на Мечот на шампионите: Никој не знае дека имаме олимпијци со златни медали, медиумите ги маргинализираат боречките спортови

Вчера, љубителите на боречките вештини уживаа во одличен боксерски турнир – „Мечот на шампионите“. Во салата на Факултетот за физичка култура си ги одмерија силите. Меѓу присутните беше и поранешниот директор на агенцијата за разузнавање, Сашо Мијалков. Позитив.мк разговараше со претседателот на боксерската федерација за состојбите на боксот и боречките вештини во Македонија.
boks1-gotova
Позитив: Колкав е предизвикот да ги соочлите македонските клубови и колку се тие заинтересирани да учествуваат на ваков турнир?

Игор Златков: Четири години, федерацијата не организирала ниту еден турнир, такашто добро е да знаете дека од ништо може да се направи нешто. Ова го започнавме со клубот Аперкат, но ги покануваме сите клубови кои сакаат да организираат ваков или сличен настан да го направат тоа. Работиме за да провериме колку квалитетни и физички кондиционо спремни боксери имаме, со цел на 13 ноември на златниот гонг да се провериме колку сме над, под или на исто ниво со европскиот бокс. Но исто така, ќе имаме квалификациони натпревари пред 2017 година кога ќе имаме две лиги. Двете лиги ќе бидат формирани од 8 екипи. Ќе имаме доста силна лига со голем број екипи, затоа што покрај овие 16 кое се веќе регистрирани во федерацијата, за само два дена се најавија отворања на уште шест нови клубови. Очекуваме и тој број да расте. Финансиската помош од државата дополнително ги мотивира младите.

Позитив.мк: Дали мислите дека боксот и борешките вештини се доволно застапени во медиумите и во македонската јавност?

Игор Златков: Ако земете во предвид колку ракометот е застапен на телевизија, колку фудбалот, а колку кошарката, ќе видите дека имаме олимпијци во злато, сребро, бронза – во бокс, во карате, во кик бокс, а роа никој не го знае во Република Македонија. Тоа значи дека медиумите покриваат само спортови кои сака да ги гледа пошироката публика како фудбалот и кошарката, се додека имаме таква маргинализираност на некои спортови, како што се боречките спортови, до тогаш народот нема да знае дека ние имаме олипијци со златни медали.
boks3-gotova
Имињата кои на овој Меч на Шампионите се впишаа во победници се:
Уводни:
1. Пандил Пандиловски
2. Филип Стефановски
3. Стојанче Корпишиев – Петар Арсовски/ нерешено
4. Дино Костовски – Самир Ќура/ нерешено
5. Адријан Аземи – Беким Зекири/ нерешено

Званични деца:
1. Кристијан Арсов/ предадена

Кадети:
1. Марко Стојановски
2. Дардан Љута

Јуниори:
1. Александар Ристевски
2. Кире Јаневски
3. Даниел Абаз

Сениори:
1. Гоце Јанески/ предадена по 1-ва рунда
2. Омер Исени

Погледнете го видеото од Мечот на шампионите

Автор: Борче Петковски

Не е дозволено преземање на оваа содржина без согласност од редакцијата на Позитив.мк, освен со линк до конкретната страница

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com