Претседателот Милош Земан ќе биде одликуван со „8 септември“
Чешкиот претседател Милош Земан ќе дојде во дводневна посета на Македонија при која претседателот Иванов ќе го одликува со орденот „8 септември“ за подобрување на пријателските односи меѓу двете земји и неговото залагање за македонските интереси во Европа. Средбата на Иванов и Земан ќе се одржи во Охрид, а меѓу другото ќе се разговара и за мигрантската криза.