Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПретседателот Иванов во посета на Ватикан и Италија

Претседателот Иванов во посета на Ватикан и Италија

Претседателот Ѓорге Иванов ќе биде во работна посета на Ватикан придружуван од првата дама Маја Иванова која ќе ја посети детската клиника „Бамбино Џезу“ со која има соработка за скопската Клиника за детски болести. Инаку предвидено е Иванов да има ауденција кај неговата светост папата Франциско. Во агендата е предвидена и средба на високо ниво со италијанскиот претседател Серџо Матарела.