Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПретседателот Иванов ги прими акредитивите на новите амбасадори на Албанија, БиХ и Литванија

Претседателот Иванов ги прими акредитивите на новите амбасадори на Албанија, БиХ и Литванија

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска во Охрид ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Република Албанија, Босна и Херцеговина и Република Литванија. Акредитивните писма на амбасадорите на Република Албанија – Фатос Река, на БиХ – Лепа Бабиќ и на Република Литванија со седиште во Будимпешта – Раса Каириене, претседателот Иванов ги прими во Вилата Билјана.

Во фокусот на разговорите биле евроатлантската интеграција на земјите и економската соработка. Претседателот Иванов на новоименуваните амбасадори им посака успех во вршењето на дипломатската должност и изрази надеж дека со својот ангажман ќе придонесат за натамошно унапредување на политичките и економските односи со земјите кои ги претставуваат.