Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаПретпладне сончево, попладне краткотраен дожд

Претпладне сончево, попладне краткотраен дожд

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне облачноста ќе се зголеми и ќе има повремен дожд особено на запад, каде што е можна појава и на ретки грмежи и повремено умерени врнежи, информира УХРМ.

Минималната температура ќе се движи од 7 до 15 степени, а максималната од 22 до 30 степени.

Во Скопје претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне со зголемена облачност и со услови за појава на краткотраен дожд. Температурата ќе се движи од 11 до 27 степени.

Во текот на денот врнежите ќе се прошират насекаде, а локално и особено на југот и југоистокот дождот ќе е пороен и со грмежи. Во среда се очекуваат да наврнат и пообилни количества, а тогаш и ветерот ќе е посилен.