Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаПретепан вработен на паркинг пред Мавровка

Претепан вработен на паркинг пред Мавровка

Еднo лице е тешко повредено вчера пред подземната гаража во Мавровка. Инцидентот се случил околу 15 часот кога 27-годишниот Е.Р. од скопското село Студеничани го паркирал својот автомобил „голф“ на тротоарот, а вработениот на паркингот му рекол да се препаркира.

Тогаш, настанала меѓусебна расправија, а потоа и тепачка меѓу возачот и 36-годишниот С.Ш. од Скопје, кој е вработен во фирмата „Франк“ која стопанисува со подземната гаража. Во тепачката било скршено задното ветробранско стакло од возилото, а потоа Е.Р. со метална шипка го удрил С.Ш. во главата, по што овој паднал на асфалтот.

Е.Р. побегнал во непознат правец оставајќи го возилото, додека С.Ш. со возило на итната медицинска помош е пренесен во Гратската општа болница „Свети Наум Охритски“ каде му се констатирани фрактура на черепот со крварење од увото.