Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаПресудата за „Диво Насеље“ ќе биде соопштена на 17 октомври

Пресудата за „Диво Насеље“ ќе биде соопштена на 17 октомври

Основниот суд Скопје 1 за 17 октомври го закажа соопштувањето на пресудата за случајот „Диво Насеље“ за кумановските настани од 9 и 10 мај 2015 година, во кои загинаа осуммина припадници на македонската полиција.

Денеска се одржа последното рочиште на кое беа изнесени завршните зборови на обвинетите и на нивните адвокати. Обвинетите останаа на барањето дека во судница треба да се повикаат организаторите, а адвокатите побараа ослободителни пресуди.

Во претходните рочишта, дел од обвинетите признаа дека биле дел од групата, додека други негираа дека се терористи, а одбраната тврдеше дека нема цврсти докази за делото за кое се обвинети.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, најави и меѓународна истрага за кумановските случувања.