Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаПрестрелка во Куманово – еден загинат, еден повреден

Престрелка во Куманово – еден загинат, еден повреден

Две лица се застрелани денеска, околу 15.30 часот, во населбата Бегиње во Куманово. Престрелката ја потврдија и од СВР Куманово. Оттаму велат дека станува збор за едно повредено и за едно починато лице, но дека немаат повеќе информации.

Непознатиот извршител од зелен мерцедес во движење истрелал рафал кон угостителски објект пред кој биле двајцата погодени, пренесе Телма. Според информациите на телевизијата, од лице место, едниот маж починал од повредите пред објектот, а вториот со повреди по телото и нозете е префрлен во Скопје. Напаѓачите избегале со автомобилот.

Од СВР Куманово потврдија дека имало престрелка и дека полицијата е замината на местото на настанот. Детали за жртвите не соопштуваат од кумановската полиција.