Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионПрестрелка во истанбулски универзитет: Полицаец пукал во колеги при обид за апсење

Престрелка во истанбулски универзитет: Полицаец пукал во колеги при обид за апсење

Полицаец вработен на Истанбулскиот трговски универзитет, денеска отворил оган кон свои колеги, кои дошле со налог да го апсат, јави телевизијата Си-Ен-Ен Турк. Според информациите, се работи за човек од обезбедувањето на ректорот Назим Еркен. Тој одбил мирно да се предаде и започнал да пука кон полицијата, со што на Универзитетот започнала престрелка. Осомничениот се предал дури кога на местото пристигнале и членови на специјалните единици на полицијата.