HomeДЕНЕШНАРегионПрестрелка во центарот на Белград, убиен водачот на навивачите на Партизан

Престрелка во центарот на Белград, убиен водачот на навивачите на Партизан

Едно лице е убиено, а две се потешко ранети во пукотници кои синоќа се случиле во центарот на Белград. Според информациите на српски „Курир“, убиен е Александар Станковиќ, познат како Сале Мутави, еден од водачите на навивачите на Партизан и еден од трите лица коиго нападнале директорот на клубот Милош Вазура.

Станковиќ за десетина дена требало да се ожени, пишува весникот. Повредените веднаш се пренесени во Ургентен центар, а полицијата извршила увид на местото на настанот. Едно лице е уапсено кое, според српските медиуми, вербално ја нападнало полицијата.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com