Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАСветПрестрелка во Балтимор-три згаснати животи

Престрелка во Балтимор-три згаснати животи

Три лица загиале, а едно било повредено откако двајца вооружени мажи отвориле оган врз група луѓе во близина на Универзитетот Мериленд, во американскиот град Балтимор.  Соопштила полицијата.

Еден маж бил убиен на лице место, додека другиот маж и една жена починале додека им била пружана медицинска помош. Според полициското соопштение четвртата жртва била жена која е пренесена во болница и се наоѓа на лекување

Во истото соопштение било наведено дека Двајцата напаѓачи, кои се во бегство, излегле од две одделни комби возила и почнале да пукаат врз луѓето синоќа околу 23 часот по локално време,

Полицијата испратила апел до граѓаните, да бидат внимателни додека  не бидат фатени напаѓачите