Friday, Mar 29, 2024
HomeАНТИСТРЕСЕкимПрестанете да пиете вода од стари пластични шишиња, содржат премногу бактерии

Престанете да пиете вода од стари пластични шишиња, содржат премногу бактерии

Многу од нас имаат навика да ги полнат одново и одново пластичните шишиња со вода. Но сепак, најновите истражувања покажуваат дека морате да бидете многу внимателни кога се работи за водата што ја пиете.

Treadmillreviews тестирале шишиња во кои се надополнувало вода една недела и откриле дека бројот на бактерии на шишињата од кои пиеме е еднаков на бројот на бактерии што го има на тоалетната школка, односно, над 900.000 колонии на бактерии на квадратен сантиметар.

Научниците откриваат дека 60% од бактериите се штетни по здравјето.

Тоа не значи дека треба да одбегнувате да пиете вода, туку дека треба да бидете внимателни за тоа од каде ја пиете водата и колку често ги миете шишињата.

Најдобро решение е пластичните шишиња да ги замените со некој модерен челичен и нерѓосувачки термос, кој ќе можете да го миете во машината за садови. Така, нема да се грижите за никакви бактерии, а ќе можете да дополнувате вода колку пати сакате.