Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСветот (не)подготвен за есенскиот бран од Ковид-19

Светот (не)подготвен за есенскиот бран од Ковид-19

Во пресрет на новиот есенски бран, од Корона-пандемијата, за кој целиот свет се подготвува, Израел е првата земја што по втор пат воведува национален карантин поради драматичниот пораст на новозаразени случаи од Ковид-19.Светската здравствена организација (СЗО), соопшти дека во неделата бил регистриран рекорден број на нови позитивни случаи- 307.930

 

Најмногу заразени потврдиле Индија (94.372), Соединетите Американски Држави (45.523), и во Бразил (43.178). Бројот на починати во светот е скоро 1 милион луѓе, односно 917.417, од почетокот на самата пандемија, па до денес.

 

Зголемено покачување во последните денови има во Франција (преку 10.000 дневно), Израел, Шпанија, но и други земји. Додека светот, се обидува да ја добие толкупосакуваната вакцина против непознатиот непријател, стопанството се уште е на колена. Во многу светски земји, се одржаа дури и масовни протести против ограничувањата и карантинските мерки кои беа воведени на почетокот на пандемијата на пролет, со предупредување од граѓаните дека нови такви карантински„кафези“, повеќе не претпочитаат. Русија е првата земја која ја создаде вакцината против Ковид-19, со кодното име Спутник 5, од научно-истражувачкиот центар „Гамалеја“, додека Оксфордската беше за момент ставена во мирување, бидејќи тестирањето со оваа вакцина, предизвикало несакани нус-појави кај минимум едно тестирано лице.

Нашите епидемиолози се согласни, дека дури и да се најде вакцина против Ковид-19, граѓаните уште минимум две години, ќе треба да се адаптираат на начинот на живот кој го живееме во овие изминати шест месеци, односно да ја живееме т.н „новата нормалност“.