Saturday, Apr 20, 2024
HomeАНТИСТРЕСПатувањеПреспа и годинава со многу ниски цени за туристите

Преспа и годинава со многу ниски цени за туристите

Преспанското крајбрежје доби неколку нови плажи со чист ситен песок и модерни содржини за сите туристи, а и оваа година угостителите ќе се обидат да ги привлечат посетителите со многу пониски цени. Така кафето во баровите и рестораните се движи од 40 до 60 денари, пивото е 70 денари, а соковите околу 60 денари.

Храната која е претежно составена од специјалитети на скара е исто така евтина и една порција чини до 150 денари. Какво е вашето искуство покрај Преспанското езеро, особено во период кога туристичките центри во Македонија се обидуваат да се натпреваруваат и со содржини и со понуда.