HomeРЕФЛЕКТОРМузикаПреслушајте го претседателскиот говор на Еминем

Преслушајте го претседателскиот говор на Еминем

gettyimages-481487136

Уште од денот кога и се претстави на јавноста како Слим Шејди, Еминем важи за еден од најплодните рапери на денешницата, кој се занимава со различни политички и социјални теми. Последните неколку години го нема толку во јавноста, но пред неколку дена објави дека работи на нов албум „а еве нешто во меѓувреме“, алудирајќи на осумминутниот фристајл рап материјал кој музичарот го објави на „Youtube“.

„Campaign speech“ е материјал изведен во слободен стил без ритам, односно без „бит“, а од него може да се стекне добар увид околу целото она што се случува овие денови. Од расизам, политика, војни, преку „Пустински олуи“, па се до тоа што би тој сторил доколку е претседател на САД.

Во текстот се најде место и за Хилари Клинтон, Доналд Трамп, Трејвон Мартин, Колин Каперник, Дејвид Хаселхоф, Дастин Хофман, Бен Стилер, убиецот од Чарлстон Дилан Руф, Кристофер Рива, Принс и други. Една строфа посебно му е посветена на републиканскиот кандидат за претседател Доналд Трамп, кој не реагираше на тоа, но на сметка на Еминем пристигнаа критики од страна на Дејвид Дјук, поранешен член на „Кју Клукс Клан“ и еден од кандидатите за сенатор во Луизијана.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com