HomeРЕФЛЕКТОРМузикаПреслушајте го новиот сингл на Роби Вилијамс „Party like a Russian“

Преслушајте го новиот сингл на Роби Вилијамс „Party like a Russian“

Роби Вилијамс објави нов сингл под назив „Party like a Russian“, која е всушност и прва песна од неговиот нов албум „The Heavy Entertainment Show“. Во песната можат да се слушнат и делови од композицијата на Сергеј Прокофјев „Игра на витези“ која е дел од неговиот балет „Ромео и Јулија“. Опишувајќи ја својата улога во песната која потсетува на руски олигархи, Роби вели дека добил инспирација поради тоа што Британците сметаат дека тие најдобро се забавуваат.

„Најголемиот дел од нациите го мислат тоа за себе, но нема журка како што е руската“, вели Роби Вилијамс. Единаесетиот студиски албум на популарниот Роби Вилијамс го очекуваме во препродажба почнувајќи од 4 октомври.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com