Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаПремиерот во Париз со економски задачи

Премиерот во Париз со економски задачи

Никола Груевски е во посета на Франција со економски мотиви, односно за воспоставување на подобри економски односи. За таа цел е остварена средба со сенаторот Алаин Ричард, специјалниот претставник за економски односи на француската влада со земјите од Балканот.

На средбата се пренесени можностите за воспоставување на подобра економска соработка, преку француски иневестиции со поволните услови и бизнис клима во Македонија. Од друга страна, Франција како голем пазар е и добра можност за домашните компании кои може да го зголемат извозот.

Ридард и Груевски се согласиле дека меѓу двете земји има позитивни политички односи и тоа е можност за зголемување на економската соработка и потикнување на приватниот сектор.