Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПремиерот во Брисел со план за излез од кризата

Премиерот во Брисел со план за излез од кризата

Никола Груевски претседателот на Владата и на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, денеска во Брисел учествуваше на редовниот Самит на Европската народна партија во Брисел и го пренесе својот план за излез од политичката криза која беше дебатирана и вчера меѓу шефовите на дипломатии на ЕУ, пренесува МИА.

Со присуството на Самитот на најголемата политичка партија во Европа, Груевки имаше можност да оствари средби со голем дел од лидерите на европската политичка елита и да разговара за состојбата во Македонија како и за мерките кои македонската Влада ги презема за излегување од политичката криза.

EU-council

– Ова беше добра можност да се сретнам со повеќемина од присутните и неформално да поразговарам со нив, пред се за Македонија, а поврзано со актуелната политичка криза и нашите заложби за надминување на оваа криза. Како што знаете, Владата експресно ги прифати препораките на Европската комисија, поврзани со воведување на натамошни реформи и зголемување на стандардите во повеќе области, претежно области покривани од поглавјата 23 и 24. Нашиот план е тоа да се одвива со многу брза динамика, па така и ќе се одвива, изјави Груевски за МИА по завршувањето на Самитот на ЕПП.

Според македонскиот премиер, прикажувајќи ги двете позиции, како на Владата, така и онаа на опозицијата во земјата, тој на своите соговорници им ги претставил плановите на Владата за да се стори се што е потрбено за да се излезе од оваа ситуација колку што е можно порано.

– Во тој контекст, секако ја побарав и поддршката за Македонија од сите со кои имав можност неформално и да поразговарам, за да и понатаму не бидеме надвор од фокусот на нив во смисла да се остави ова прашање и воопшто да се остави Македонија како прашање за понатамошното проширување на Европската унија, потенцира Груевски.

han-gruevski-zaev

Претходно Советот на ЕУ од министри за надворешни побара почитување на договорот од 2 јуни, превземање мерки за подобрување на владеењето на правото, слободата на медиумите, дијалог меѓу политичките лидери и разгледување на наводите на опозицијата со независност на институциите.